Wednesday, February 28, 2018

Развојот на Јован продолжува

Пред неколку месеци , мајката на Јован , кој има Даунов синдром, го сподели своето искутво со АБР.
Ова е тоа што го напиша тогаш http://abrmakedonija.blogspot.mk/2017/08/blog-post.html
Благодарение на посветеноста и неуморната работа на мајката, развојот на Јован продолжи.

 
Јован, Јануари 2018, после 9 месеци АБР

Божиќната честитка од Јован, беше овој клип каде Јован седи сам, се смее и успева да одржи рамнотежа.
Јован започна од состојба на изразена слабост на телото.
Јован на првата АБР проценка , Април 2017
Јован на првата АБР проценка, Април 2017 


Му требаше потпора од сите страни за да се одржат главата и телото исправени.
Непобитен факт е дека телото на Јован одлично реагира на АБР и постигнува далеку повеќе од очекувањата. Во една прилика мајката на Јован ми рече- Вие нас не шокиравте во Април, сега ние вас ве шокираме . Како што телото се зајакнува со АБР, така следи и психо-моторниот развој на Јован. Браво за мама, браво за Јован! Благодарам за довербата и радоста што ни ја донесовте со овие фантастични резултати.